Утрински Весник
Македонија

Цветин му подари Виолински клуч на Карерас со порака „Музиката и уметноста ќе го спасат светот“

Image 2026 09 02 100919585.png

Светски познатиот тенор Хозе Карерас, сношти, доби уметничка слика „Виолински клуч со три рози” од македонскиот уметник сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин.

По завршување на настапот во рамки на концертот „José Carreras with Macedonian All-Stars”, Цветин се сретна со Каререс, при што подарувајќи му ја сликата, порача „Музиката и уметноста ќе го спасат светот”.

Карерас и Цветин разговарале за своите животни кариери и за актуелните случувања во светот. На листата светски музичари – уметници, освен Карерас, вакви уметнички слики добиле и францускиот пејач и композитор Шарл Азнавур, оперскиот сопран Радмила Бакочевиќ, диригентот Зубин Мехта, џез музичарите Би Би Кинг и Реј Чарлс, македонските оперски певици Милка Ефтимова, Весна Илкова Гиновска, како и македонскиот оперски пејач Борис Трајанов и македонскиот класичен пијанист Симон Трпчевски.

Карерас настапи на концерт во Македонија по повод 35 години независност на Македонија.

Можете да прочитате

Станот како дом или како капитал?

Утре Македонија под портокалова фаза поради високи температури

Воздушна битка со пожарот кај „Јасен“: ДЗС ги крена сите три „Ер трактори“