Утрински Весник
Свет

Како дете живеел во беда, во неговата канцеларија нема компјутер: Путин го слави својот 72. роденден

1707218894 Unnamed File.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го слави својот 72 роденден. Ова е човек кој ја води Русија речиси четвртина век, а по победата на изборите во март, би можел да стане лидер со најдолг стаж што Русија го имала во последните 200 години. Освен што Путин на крајот од шестгодишниот мандат можеше да го престигне Сталин, кој беше на чело на државата речиси три децении, на последните избори доби и најголема поддршка од граѓаните со повеќе од 87%. За Путин се знае многу, а сепак станува збор за човек за кого, и покрај ова, се знае само она што Кремљ сака да го знае јавноста. Денес за Путин се зборува како претседател, но и како поранешен советски шпион и член на КГБ, пренесуваат регионалнаите медиуми.

Кога станува збор за приватниот живот на Путин, познато е дека тој беше во брак со Људмила од која се разведе по 30 години брак. Од тој брак Путин има две ќерки – Марија и Екатерина. Во 2008 година почнаа да кружат гласини дека е во врска со поранешната гимнастичарка Алина Кабајева, која е 31 година помлада од него.

Путин е роден на 7 октомври 1952 година во Санкт Петербург и е актуелен претседател на Руската Федерација. Тој го замени Борис Елцин како претседател уште во 2000 година по победата на претседателските избори.

Според анализите на медиумите, на местото претседател, Путин најде уништена и опустошена земја и уште од првиот ден, откако беше на власт, воведе цврста рака и почна да ја крева Русија.

Кога станува збор за неговото детство, познато е дека со семејството живеел во трошен и тесен стан, без топла вода, кој две децении го делеле со други две семејства.

– Во подрумот имаше стаорци. Јас и моите пријатели ги теравме со стапови. Еднаш најдов џиновски стаорец и почнав да го бркам додека не го свртев во аголот. Тој веќе немаше каде да бега. Потоа одеднаш се подигна на задните нозе и ме нападна. Тоа се случи сосема неочекувано и за момент бев шокиран. Ја сврте ситуацијата и сега почна тој мене да ме брка. Тој скокаше по скалите по мене, но јас бев побрз во еден миг и му побегнав“, изјави своевремено Путин.

– Најважната лекција е, кога сте во тесно, не дозволувајте стравот да ве парализира, нека стане извор на вашата храброст – додаде тој.

Можете да прочитате

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека го нападнало Тел Авив со ракети

Високиот претставник во БИХ има плата од 24.000 евра месечно

Украинската ПВО собори 32 дронови и две ракети Кинџал над Кијив