Утрински Весник
Македонија

20-годишен возач прегази и тешко повреди пешак во Илинден

Brza Pomos 1.jpg

54-годишен скопјанец вчера попладне бил прегазен од млад возач во Марино.

– На 06.10.2024 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„534“ во село Марино, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(20) удрило во пешакот П.Н.(54), двајцата од населба Илинден, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Нови детали од Прилеп: Тројца мртви, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил

ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп