Утрински Весник
Свет

Хезболах со реакција за првата годишнина од нападот на Хамас : Во регионот нема место за Израел

Hezbolah.webp.webp

Хезболах преку соопштение се осврна на првата годишнина од нападот на Хамас врз Израел, во кое уште еднаш ја изрази својата верба во нивната способност да ја „одбие израелската агресија“ и вети дека ќе ја продолжи борбата.

Вооружената група, чие седиште е во Либан, е сојузник со Хамас, а двете милитантни организации се поддржани и финансирани од Иран.

Хезболах ги опиша настаните од 7 октомври како „херојски“, истакнувајќи дека тие ќе имаат „историски“ ефекти во регионот.

Движењето во соопштението додаде дека за Израел „нема место“ во регионот и дека тој „мора да биде отстранет, без разлика колку време е потребно“.

Тоа ги обвини „САД и нивните сојузници“ за насилството во Газа и Либан, што следеше по нападите на Хамас

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад