Утрински Весник
Свет

Американски војници упаднаа на танкер што превезувал нафта од Венецуела

Pentagon.webp.webp

Припадници на американската армија синоќа упаднаа на санкциониран танкер во Индискиот Океан откако го следел од Карипското Море во обид да се справи со нелегалната нафта поврзана со Венецуела, соопшти денеска Пентагон.

„Бродот се обиде да го прекрши карантинот на претседателот (Доналд) Трамп со надеж дека ќе избега. Го следевме од Карипско Море до Индиски Океан, го намаливме растојанието и го запревме“, се наведува во соопштението на Пентагон.

Танкерот „Вероника III“ е под американски санкции, а пловел под панамско знаме. Бродот од 2023 година е поврзан со руска, иранска и венецуелска нафта.

Бродот испловил од Венецуела на 3 јануари, истиот ден кога беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со речиси два милиона барели сурова нафта и гориво.

Не е познато дали танкерот е формално запленет и ставен под контрола на САД. Администрацијата на Трамп заплени повеќе танкери како дел од поширокиот напор за преземање на контролата врз венецуелската нафта.

Можете да прочитате

Оштетен руски танкер за гас неконтролирано плута кон италијанскиот остров Лампедуза

Нетанјаху на првата прес-конференција од почетокот на војната: Израел ги „дроби“ Иран и Хезболах

Кинескиот народен конгрес усвои петгодишен план со фокус на клучните технологии