Утрински Весник
Македонија

Каевски демантира дека го напуштил состанокот на СДСМ

Kaevski pres.jpg

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски во статус на социјалните мрежи ги демантира наводите на одредени медиуми дека тој наводно го напуштил состанокот на партијата поради незадоволство.

,,Ова не е точно, станува збор за целосна невистина. Наводите во текстот целосно ги демантирам. Ширење невистини нема да помогнат никому. СДСМ е силна и оди на победа на изборите”.

Инаку денеска на Конгрес СДСМ ги комплетира пратеничките листи, а претходно се одржуваат седници на Извршниот и Централниот одбор.

Можете да прочитате

Македонија бележи значаен реформски напредок во енергетиката

МВР со детали за пожарот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба

МВР затекна малолетници во угостителски објекти во Куманово