Утрински Весник
Свет

Кадиров: Ги почитувам Украинците, жалам што не разбираат дека Западот ги искористува

Кадиров: Ги почитувам Украинците, жалам што не разбираат дека Западот ги искористува

Украинските сили претрпеа големи загуби додека извршуваа самоубиствени контраофанзиви, објави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на Телеграм.

dobivaj vesti na viber

Нашите борци заедно со сојузничките сили ја продолжуваат офанзивата по линиите Соледар, Јаковлевка и Северск. Уништени се голем број непријателски персонал и опрема“, изјави Кадиров на Телеграм, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

Повикувајќи се на зборовите на секретарот на Советот за безбедност на Чеченија, Апт Алаудинов, кој е и командант на специјалната единица Ахмат, Кадиров вели дека украинската команда испраќа одреди војници во „речиси самоубиствени“ мисии.

Кадиров напиша дека украинските војници непромислено ги напаѓаат нивните позиции и дека тоа се повторува „четврт ден“.

„Го почитувам украинскиот народ и жал ми е што некои Украинци, не разбирајќи ја суштината на она што се случува, дозволуваат да бидат експлоатирани од Западот. Ако продолжи, тоа ќе доведе до неповратни последици за Украинците“, напиша Кадиров на Телеграм, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Путин го разреши началникот на копнените сили на војската