Утрински Весник
Македонија

Изречени 207 санкции за брзо возење

Poseben soobra aen rezhim.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден (13.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 207 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возилo се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Сончево со мала облачност, попладне локален пороен дожд

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид