Утрински Весник
Свет

Израелски удари врз Рафа и по наредбата од Меѓународниот суд за правда да престанат операциите во областа

Picture 768 660x411 1.jpg

Израелската војска го бомбардираше денеска Појасот Газа, вклучувајќи и Рафа, само еден ден откако Меѓународниот суд на правдата нареди да ги прекине своите операции во областа. Највисокиот суд на ОН, чии одлуки се правно обврзувачки, но кој нема механизми за нивна имплементација, исто така му нареди на Израел да го задржи отворен преминот Рафа, неопходен за влез на хуманитарна помош, но кој беше затворен по започнувањето на копнената операција во почетокот на мај. Палестинското движење Хамас, кое војува со Израел и е на власт во Газа од јуни 2007 година, ја поздрави одлуката, изразувајќи жалење што таа е ограничена „само на Рафа“. По пресудата, израелските бомбардирања продолжија во Појасот Газа. Истото важи и за судирите меѓу израелската армија и вооруженото крило на Хамас. Рано утрово се регистрирани напади од израелската армија врз Рафа (југ), но исто така и на Деир ал Балах (во централниот дел). Судот, каде Јужна Африка го обвини Израел за „геноцид“, не само што нареди итен прекин на огнот во Рафа, отворање на истоимениот граничен премин за да се дозволи влез на хуманитарна помош, туку и „итно и безусловно ослободување“ на заложници држени од Хамас во Газа.

Можете да прочитате

НАТО размислува да го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност

Најмалку 13 загинати во судир на возови во Индија

Судар на кинески и филипински брод во Јужното Кинеско Море