Утрински Весник
Свет

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

1749964786 ap25166076860144.format webp.width 1200.webp.webp

Иран и Израел продолжија да се напаѓаат едни со други, а најзначајниот удар во последниот бран е мисијата во која, според израелски воени извори, авион за полнење гориво на Исламската Република Иран беше погоден на аеродромот Машхад, на североистокот од земјата.

Нападот е опишан како најоддалечен напад од почетокот на операцијата и веројатно еден од најдалекусежните воздушни напади извршени досега од страна на израелските воздухопловни сили (IAF).


Авионот што беше погоден бил летачки танкер, веројатно еден од многу ретките и застарени модели на Боинг КЦ-707 или КЦ-747. Ударот се случил на повеќе од 2.250 километри од израелска територија. Верзијата на танкерот на 747 повеќе не лета никаде во светот, а се верува дека Иран има само еденпримерок.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина