Утрински Весник
Свет

Израел уапси 55 Палестинци на окупираниот Западен Брег во текот на ноќта

Gaza 3 1.jpg

Израелските власти во текот на ноќта уапсија 55 Палестинци на окупираниот Западен Брег, соопшти Клубот на палестинските затвореници (КПЗ). Најголем дел од апсењата се извршени во градот Хеброн, каде се уапсени 22 Палестинци, се наведува во соопштението, пренесува Ал Џезира.

Други апсења беа извршени во градовите Тубас, Витлеем, Калкиља, Ерусалим и Рамала.

Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, на Западниот Брег се уапсени околу 7.400 луѓе, соопшти оваа палестинска организација.

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември