Утрински Весник
Свет

Израел изврши напад врз позициите на сириската армија во провинцијата Хомс

20240207071529 Big 730x400 86.webp.webp

Израелски проектили погодија голем број локации во сириската провинција Хомс, соопшти денеска сириската армија, пренесе БТА.

Сириската противвоздушна одбрана собори неколку проектили, соопштија државните медиуми, без да наведат детали за погодените цели.

Воен извор подоцна за државните медиуми изјави дека има неколку жртви и повредени, како и материјална штета.

Државната телевизија прикажа снимка од амбулантни возила кои се упатуваат кон местото на ударот, на кои се гледаат остатоците од погодената зграда.

Според извор од сириското воено разузнавање, нападите биле насочени против воздухопловната база „Шујрат“ и неколку објекти на периферијата на Хомс.

По нападот на Хамас врз израелските цивили и војници на 7 октомври, Израел ги засили своите напади против групите поддржани од Иран во Сирија и ги нападна воздушната одбрана на сириската армија и сириските сили.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена