Утрински Весник
Култура

Изложба на цртежи на Љубе Чаловски

Изложба на цртежи на Љубе Чаловски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 05 јули, среда со почеток во 19 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на цртежи на архитектот Љубе Чаловски. Изложбата содржи 30-тина цртежи работени во техниката јаглен на хартија коишто се работени во приодот од последните неколку години.

dobivaj vesti na viber

Љубе Чаловски е роден 1947 година дипломирал Архитектонски факултет во Скопје 1975 год.

За изложбата самиот автор Чаловски ќе запише:

Поводот за оваа изложа е изминатиот период од 20 години од првата изложба во НУЦК “Трајко Прокопиев”- Куманово. Јубилеј достоен за почит. Инспириран, ненаметливо го создаде новиот ликовен опус. На оваа ликовна изложба се изложени дела со мотиви од просторите и градовите на повеќе меридијани каде градел и престојувал во изминатиот период авторот повеќе од 30 години и тоа Блискиот Исток, Јужен Сибир, Русија, Балтичките Земји, Грција и мотиви од Македонија од Велес, Крушево, Кратово, Гостивар, Тетово, Охрид и Галичник, кои во ризницата се со посебно значење.

Цртежите во техниката јаглен на хартија ги воскреснаа скиците од објектите кадешто пестојував и градев.

Тие се создадени во ретките мигови на слободно време. Испирацијата од пределите каде престојував се со мотиви од архитектура, пејсажи коишто се приложени во цртежите. Тие добиваат нова димензија и експресија но и филозофија на човекот наспроти природата и убавината.

Суптилниот начин на изразување е крилатицата на Анри Мишо кој вели : Остави ја линијата да сонува“.

Изложбата ќе биде поставена во следните две недели.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“