Утрински Весник
Македонија

Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка

Image 2026 02 16 152332380.png

Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски, на својот фејсбук-профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те во делот на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка, информираат од Министерството за транспорт.

– Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму прогресот во моментот од страна на изведувачот не е според очекувањата, но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес – пишува Ивановски на својот профил на Фејсбук.

Коридорот 8, додава тој, е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранското со Црното Море.


Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче