Утрински Весник
Скопје

СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски 

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп.

За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник.

20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година.

76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година.

Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?

Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56те тендери на Пирамид билдинг, каде е татко му на шефот на Кабинет на Мицкоски, Нелоски?

Или да се извинуваме и 74те тендери на Ленди груп вредни 17.5 милиони евра?

Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?

Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе?

А што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е. 

Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост