Утрински Весник
Свет

Избоден маж на најпопуларната туристичка атракција во Британија, полицијата го уапси напаѓачот

Избоден маж на најпопуларната туристичка атракција во Британија, полицијата го уапси напаѓачот

Маж е обвинет дека со нож избол лице и му нанел сериозни повреди во близина на британскиот музеј.

dobivaj vesti na viber

Како што јавува Би-би-си, напаѓачот е приведен.

Повредениот е пренесен во болница, а неговата состојба сѐ уште се проценува, пишува „Гардијан“.

„Ова беше изолиран инцидент и нема никаков ризик за јавноста. Ноќниот напад не се третира како поврзан со тероризам“, соопшти лондонската полиција.

Просторот пред музејот беше опколен додека се вршеше увид.

„Гардијан“ додава дека британскиот музеј е меѓу најпопуларните туристички атракции во земјата, а годишно го посетуваат речиси два милионa туристи.

Можете да прочитате

„Еуроклир“ предупредува на опасности доколку запленетите руски средства се позајмат на Украина

Трамп помилува две мисирки – пред церемонијата беа во луксузен хотел

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг, многумина сè уште се водат како исчезнати