Утрински Весник
Економија

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 20 милиони евра кон 119 компании

Ministerstvo za finansii.jpg

Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност, информира Министерството за финансии

Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари.


Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 милијарди денари согласно усвоеното законско решение во Собранието. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата. Во рамки на транспарентна постапка, заедно со компаниите беше утврден модел за враќање на средствата во два дела кои што ќе се реализираат во март 2026 и март 2027 година.Повратот на средствата се врши врз основа на доставено барање од страна на компаниите до Управата за јавни приходи, а врз основа на донесен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок.  

Можете да прочитате

Додека светот бара бакар, Македонија го чува својот под земја

СДСМ: Се најавуваат мерки за намалување на цените, граѓаните имаат “чувство” – следува ново поскапување

Најповолна понуда за повикот за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење дале од IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN