Утрински Весник
Спорт

Иван Јуриќ е нов тренер на Рома

Ivan Juric.jpg
Dik 300x250 mk

Нов тренер на фудбалскиот клуб Рома ќе биде Иван Јуриќ. Договорот меѓу двете страни е само до следното лето, но автоматски ќе биде продолжен за уште една година ако Рома успее да се квалификува за Лигата на шампионите, што не им се случило во последните шест години.

Според информациите, Јуриќ веднаш ќе почне со работа на чело на „волчивата“ и ќе ја води денешната тренинг сесија.

49-годишниот стручњак ќе дебитира како тренер на тимот на неделниот натпревар на домашен терен против лидерот во Серија А, Удинезе.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето