Утрински Весник
Македонија

Иван Џолев доби втор мандат како претседател на Кривичен суд

Иван Џолев доби втор мандат како претседател на Кривичен суд

Иван Џолев одново избран за претседател на Кривичен суд. Тој беше единствен кандидат пријавен за оваа позиција.

dobivaj vesti na viber

Ова му е втор мандат на Џолев, кој повеќе од шест месеци беше и вршител на должност. Советот на јавни обвинители го избра откако на оценувањето од Комисијата ги има освоено максималните бодови.

Џолев првпат за претседател беше избран во 2017 година. Според членовите на Судскиот совет, тој има знаење и стручност за оваа функција, а избран е едногласно.

Освен во Скопје, на денешната седница треба да се изберат претседатели на основните судови и во Ресен и Виница.

Исто така, треба да се бираат и судии за гостиварска Апелација, како и кривичните судови во Скопје и Штип.

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ шират лаги за да обезбедат алиби како да се задржи актуелното раководството после следниот изборен пораз

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, секој граѓанин се цени подеднакво

Пензионер измамен за 4000 денари на плоштадот во Скопје