Утрински Весник
Спорт

Итудис го сака Ненад Димитријевиќ во Фенербахче

Итудис го сака Ненад Димитријевиќ во Фенербахче

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ има понуда кариерата да ја продолжи во турскиот гигант Фенербахче, откри весникот „Милијет“. Според овој извор, еден од најдобрите европски тренери Димитрис Итудис, лично се заложил да го доведе одличниот кошаркар во Истанбул.

dobivaj vesti na viber

Фенербахче веќе има испратено официјална понуда, а Димитријевиќ треба набрзо да одговори. Тој, сепак, има уште неколку одлични понуди за продолжување на кариерата.

Итудис сезонава на плејмејкерската позиција во тимот ги има Ник Калатес и Американецот Едвардс, но тренерот на Фенербахче верува дека досгешаниот кошаркар на Уникс Казан може да го подобри квалитетот на тимот за следната сезона.

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата