Утрински Весник
Македонија

Исчезнат е маж од Лозово, го нема повеќе од 24 часа

Screenshot 2024 08 11 At 09.15.35.jpg

Жител нa Општина Лозово, се води за исчезнат повеќе од 24 часа. Градоначалникот Бошко Цветковски, вчера објавил дека на човекот му се губи секаков траг.

„Повеќе од 24 часа е исчезнат наш сограѓанин, на кој во 20:30 часот, сношти му се губи секаков траг.. Имено станува збор за Исмаил Муратов кој последен пат е виден во близина на базентот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.. Денес во организираните потраги темелно беше пребаран теренот кој се наоѓа во близина каде беше пронајдена торба со храна и вода за која се претпоставува дека е негова, но за жал не успеавме да го пронајдеме.. Затоа ќе ги замолам сите полнолетни граѓани кои сакаат да учествуваат во потрага на овој наш сограѓанин, УТРЕ (денес), ВО 07:00 ЧАСОТ ДА БИДАТ ВО ЦЕНТАРОТ НА С. Дорфулија и со себе да си земат вода и чизми бидејки ќе се оди до тешко пристапен терен Се гледаме утре!!!“, објави Цветковски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври