Утрински Весник
Свет

Иранските командоси запленија брод поврзан со Израел

20240413141104 Big 730x400 65.webp.webp
Img 5587

Иранската револуционерна гарда денеска го заплени бродот „МСЦ Ариес“, за кој тврдат дека е „поврзан со Израел“. Според најавите бродот ќе биде преместен во ирански територијални води.

Операцијата била изведена така што иранските командоси се симнале од хеликоптер на брод кој пловел под португалско знаме. Инцидентот се случил на околу 80 километри североисточно од градот Фуџаира во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ).

Img 5587

Компанијата „Зодијак мартајм“ (Zodiac Maritime) потврди дека е сопственик на запленетиот брод, на кој имало 25 членови на екипажот. Тие потврдија дека бродот бил пренасочен кон Иран.

Даниел Хагари, портпарол на израелската армија објави се.

-Иран ќе ги сноси последиците ако одлучи дополнително да ја ескалира ситуацијата. Ние сме во состојба на готовност. Ја зголемивме нашата подготвеност да го заштитиме Израел од понатамошна иранска агресија. Подготвени сме да одговориме – изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

Командант на Воената морнарица на Револуционерната гарда на Иран на 9 април изјави дека присуството на Израел во Обединети Арапски Емирати е закана за Техеран. Тој посочи дека Иран може да го затвори Ормуски Теснец, влезот во Заливот, доколку оцени дека е потребно.

Фуџаира се наоѓа на источната страна на Ормуски Теснец.

Јеменските бунтовници, Хути со месеци организираат напади на бродови во Црвено Море во знак на одмазда за израелските напади во Појасот Газа.

Ss1

Можете да прочитате

Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање