Утрински Весник
Свет

Иранците се обиделе да ја ракетираат приватната резиденција на Нетанјаху

Izrael iran 2.jpg

Цел на иранските балистички ракети денеска биле и приватната резиденција на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во Цезареја и електраната во Хадера, објавиja израелските медиуми.

Иран попладнево истрела нов бран ракети кон Израел, но според „Џерусалем пост“ и „Тајмс оф Израел“, сите биле соборени од израелската пртиввоздушна одбрана.


Израелската војска објави дека жителите можат да ги напуштат засолништата во сите делови од земјата, откако претходно беа вклучени сирени поради ирански ракетен напад. 

Конфликтот меѓу Израел и Иран трае веќе трет ден откако Израел започна напади врз Иран за да ја уништи неговата нуклеарна програма. Иран возврати со ракетни удари врз Израел, а во нападите загинаа десетици луѓе од двете страни.

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија