
Планираната „економска војна“ на Соединетите Американски Држави против Техеран би претсавувала прекршување на меѓународното право. Ниту една држава не може законски да ги принуди банките, претпријатијата или аеродромите на некоја суверена земја, да се откажат од легална трговија со трета држава, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи на Иран, Есмаил Багаеи.
Реакцијата доаѓа откако претседателот на САД, Трамп, се закани со остри казни против земјите кои продолжуваат да го поддржуваат Иран, бидејќи Вашингтон се стреми значително да го зголеми економскиот притисок врз Техеран.
– Економскиот притисок наменет да принуди суверената држава да ги промени своите легитимни политички одлуки е спротивно на меѓународното право, нашиша Багаеи на платформата Х.
Според Техеран, таканаречените „секундарни санкции“ преставуваат кршење на Повелбата на Обединетите нации.
– Во комбинација со американската поморска блокада на иранските пристаништа, планот на Трамп би го свел суверенитетот на другите земји на нешто „привремено, условно и отповикливо според хирот на друга сила. Крајниот резултат би бил целосна ерозија на суверенитетот како темелна основа на меѓудржавниот систем базиран на ОН и рецепт за целосно враќање на класичниот колонијализам во светот, рече Багаеи.



