Утрински Весник
Свет

Иран: Рекордно низок одѕив на гласачите на парламентарните избори

544027 0.png

Излезноста на гласачите на парламентарните избори одржани во петокот во Иран беше околу 41 отсто, изјави денеска иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди. Ова е најниската излезност и најслабата излезност на гласачите на изборите од Исламската револуција во Иран во 1979 година, кога влијателните свештенички владетели ја презедоа власта.

Изборите во петокот се сметаа за тест за легитимноста на исламските верски власти во услови на зголемени економски проблеми и недостаток на изборни опции за младата популација огорчена од политичките и социјалните ограничувања.

„Околу 25 милиони од вкупно 61 милион регистрирани гласачи во Иран гласаа на парламентарните избори одржани на 1 март“, рече министерот Вахиди на прес-конференција.

На парламентарните избори во 2020 година излезеноста беше 42,5 отсто, а на изборите во 2016 година учествуваа 62 отсто од запишаните избирачи.

Иранските власти тврдат дека овогодинешниот одѕив е „потврда за довербата на народот во системот на Исламската Република“.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови