Утрински Весник
Свет

Иран одбележува 45-годишнина од Исламската револуција

Во екот на тензиите што ја зафатија пошироката област на Блискиот Исток поради продолжувањето на израелската војна против Хамас и окупацијата на Појасот Газа, Иран денеска ја одбележува 45-годишнината од Исламската револуција започната во 1979 година од ајатолахот Хомеини.

Низ целата земја, илјадници Иранци продефилираа низ главните градски улици и плоштади украсени со знамиња, балони и транспаренти со револуционерни и верски пароли.

Во Техеран, толпа граѓани вееја ирански знамиња, извикуваа слогани и носеа плакати со вообичаените пораки „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“. Некои учесници на уличните паради палеле знамиња на САД и Израел, што е вообичаена практика на сите провладини собири, а силно обезбедување беше присутно во сите поголеми градови во Иран.

Можете да прочитате

Пожар во Австралија, повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани, температури над 40 степени

Кина: Најмалку две лица загинаа откако товарен брод удри во мост

Две години од почетокот на руско-украинската војна, преговорите се далечна перспектива