Утрински Весник
Свет

Иран: Нашиот одговор кон Израел ќе биде контролиран и нема да предизвика ескалација

Untitled 27 1.jpg
300x250 (7)

Иран му сигнализираше на Вашингтон дека ќе одговори на израелскиот напад врз неговата сириска амбасада на начин што ќе избегне ескалација и нема да дејствува набрзина.

Пораката на Иран на САД им ја пренесе министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан за време на посетата на Оман во неделата. Таа земја од Персискиот залив често дејствуваше како посредник меѓу две непријателски земји.

300x250 (7)

Белата куќа не сакаше да коментира дали добила пораки од Иран, но објави дека САД го известиле Техеран дека не учествувал во нападот на амбасадата во Дамаск.

Извор од американската разузнавачка заедница не знае за пораката испратена преку Оман, но за Ројтерс изјави дека Иран „бил многу јасен“ дека неговиот одговор ќе биде „контролиран“ и дека ќе се избегне ескалација.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во средата рече дека Израел „мора да биде казнет“ и дека тоа ќе се случи. Израел не ја потврди одговорноста за нападот врз амбасадата, но тоа го соопшти Пентагон.

Во нападот загина ирански генерал, а тоа е голема ескалација на тензијата што се прошири низ целиот регион од почетокот на војната во Газа.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен со Херцог: Време е да се прекине огнот и да се ослободат заложниците

Земјите од Африка и Блискиот Исток ги повлекуваат златните резерви од САД

Американската ДЕА ја менува класификацијата на марихуаната: Ќе биде означена како помалку опасна дрога