Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Ако се поништи Преспанскиот договор ние излегуваме од НАТО, просто кажано ќе не исклучат од Организацијата

Pendarovskinegotino.jpg
Img 5587

Ако се поништи Преспанскиот договор ние излегуваме од НАТО. Просто кажано ќе не исклучат од Организацијата. Ако таа госпоѓа (Силјановска Давкова) мисли дека самостојно можеме да ја обезбедиме нашата безбедност, на сите граѓани, на границите, на државата подобро тоа треба да го каже. Тоа е опасен авантуризам. Значи, 30 години сите политички гарнитури не случајно се обидуваа да влеземе во НАТО за да добиеме тапија за нашата безбедност за век и веков. Ова го нагласи кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски вечерва во Гевгелија, во одговор на прашање на граѓанка за негов коментар за поништување на Преспанскиот договор.

– Поништувањето на Преспа, ако навистина го мисли тоа, е најголема политичка глупост и трагедија во исто време, затоа што ќе останеме потполно сами, истакна Пендаровски.

Ss1

Во одговор на друго прашање од граѓанин дека претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил шокиран од говорот на Пендаровски во Делчево, тој рече дека со едно кликање на интернет може да се слушне што кажал во Делчево. Таму, како што рече, кажал дека нема потреба да доѓа во вториот круг бидејќи ќе победи во првиот, а тоа лидерот на ВМРО ДПМНЕ го извртува и, како што кажа „тој не е воопшто глуп тоа да го разбере“.

-Тој има една друга мана-лаже. Тоа јас не го тврдам. Пред четири години во извештај на Европскиот Парламент, е констатирано со име и презиме дека Христијан Мицкоски е извор на дезинформации и на лажни вести. ЕП во Стразбур тоа го тврди. Тој разбира за што станува збор, но има некоја внатрешна потреба да лаже, рече Пендаровски.

Говорејќи пред граѓаните во Гевгелија, претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата истакна дека актуелната владеачка гарнитура со сите мани и грешки е десет пати подобра од тоа што го нудела опозицијата или го нудат сега.

-Тие нудат само рециклажа на режимот. Зошто? Затоа што тие се сите децата на Груевски. Генералниот секретар на Груевски сега е претседател на ВМРО ДПМНЕ, вториот човек на Груевски сега е втор човек на Мицкоски, Антонио Милошевски беше трет човек во времето на Груевски сега е трет човек кај Христијан Мицкоски. Ниту по име, ниту по презиме не се разликуваат, а не по поимањето на политиката и практикување на политиката, посочи Пендаровски.

Претходно, тој се обрати на средби со граѓаните во Дојран, Богданци и Валандово каде подвлече дека немал причини да го бојкотира вториот зашто ќе победел на изборите и со тоа одговори на обвинувањата од Мицкоски дека ќе го бојкотирал вториот круг.

На средбите граѓаните побараа коментар и за обвинувањата на опозицијата дека не работел транспаретно и ги затворил народните канцеларии. На ова Пендаровски возврати дека неговиот кабинет во секое време е отворен за посета и дека до ден денес во центарот на Скопје, како младинска канцеларија, функционира канцеларијата на претседателот.

Ss1

Можете да прочитате

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање на 60 години за жени и 62 за мажи – 24info.mk

Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост