Утрински Весник
Свет

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран

20260302130907 big 730x400 59.webp.webp

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека најновите ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и врз Командата на израелското воено воздухопловство.

Цели на нападите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на тој режим, се наведува во соопштението на Револуционерната гарда.


Во најновиот напад биле употребени ракетите „Кејбар“.

Израел соопшти дека во иранските напади нема повредени лица.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавуваат снимки од нови напади врз Техеран. Израелската армија потврди дека „почнала дополнителен широк напад“ врз главниот град на Иран.

Можете да прочитате

Пожар на американски носач на авиони

Европа се соочува со сериозна енергетска криза

Трамп изјави дека Израел и Либан се договориле за 10-дневен прекин на огнот