Утрински Весник
Спорт

Интер, Атлетико и Лајпциг заинтересирани за Тирам

Интер, Атлетико и Лајпциг заинтересирани за Тирам

Договорот на Маркус Тирам (25) со Борусија Менхенгладбах истекува на крајот од сезоната. Синот на славниот Лилијан Тирам, без оштета ќе замине од Менхенгладбах. „Билд“, пишува дека три клуба сериозно се заинтересирани за францускиот напаѓач: Интер, Атлетико Мадрид и РБ Лајпциг.

dobivaj vesti na viber

Тирам се пресели од Сошо во Генгамп во 2017 година, додека Борусија Менхенгладбах го донесе во 2019 година за девет милиони евра.

Според „Трансфермаркт“, Французинот на фудбалскиот пазар вреди 32 милиони евра, што го прави четвртиот најскап играч чиј договор истекува на крајот на сезоната, зад Карим Бензема (35 милиони евра), Лионел Меси (45) и Милан Шкриниар (60).

Тирам за Борусија постигна 44 гола и забележа 29 асистенции во вкупно 133 настапи за клубот. Само оваа сезона на 31 натпревар постигна 16 голови и седум пати асистираше. Германскиот прволигаш ќе претрпи голем удар со неговото заминување.

Во сабота Борусија на домашен терен ќе игра против Аугсбург во последното, 34. коло од Бундеслигата, што ќе биде последен настап за Тирам пред навивачите во Менхенгладбах.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ