Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Институт за проучување на војната: Убиен командант на елитната руска единица

Институт за проучување на војната: Убиен командант на елитната руска единица
300x250 opst2

Институтот за проучување на војната во дневниот извештај наведува дека се појавиле информации дека Василиј Попов, командантот на рускиот 247. гардиски воздушно-десантен јуришен полк, бил убиен за време на борбите во Украина.

dobivaj vesti na viber

Ова го прави втор командант на 247. полк убиен во акција од почетокот на војната во Украина, откако Константин Жижевски беше убиен во февруари минатата година. Американскиот тинк-тенк нагласува дека Василиј Попов дури неодамна го замени Пјотр Попов како командант на 247. полк.

Се претпоставува дека членовите на споменатиот полк дејствуваат во регионите Доњецк и Запорожје.

Институтот за проучување на војната претходно утврди дека релативно елитните сили на полкот извршуваат ограничени контранапади во критичните сектори на фронтот и процени дека смртта на командантот дополнително ќе ја ослабне единицата.

Можете да прочитате

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа