Утрински Весник
Македонија

Инфлацијата во август во однос на јули 0,5 отсто, најголем раст на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци

Super Market 1.jpg

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0.5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Цените на мало во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,5 проценти. Трошоците на животот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од 2.2 проценти, а цените на мало од 3 проценти.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1.2 проценти, рекреација и култура за 1.1 процент, здравје за 0.8 проценти, ресторани и хотели за 0.7 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.6 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0.5 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.

Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 2.2 проценти, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0.3 проценти

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Можете да прочитате

Министерот за животна средина отсутен, новинарите го бараа на вонредниот пресс

‘Дали ми е срам? Не’ вели Тошковски за катастрофалните пожари

Тошковски: Три лица повикани на информативен разговор по пожарот во Трубарево