Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја напаѓаше мерката, а сега признава дека МојДДВ е од полза за граѓаните

Secbltvl52l0a6soycte 848x477 1.jpg

Кога беше најавувана и воведена мерката МојДДВ, ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја напаѓаше и ја оценуваше како „обична популистичка мерка од која најголема корист ќе имаат најбогатите“, дека е „уште едно фијаско во најава на оваа власт во заминување“ и дека е „однапред пропаднат проект„ и „само мачкање на очи“.

Но, на почетокот на мандатот на новата министерка, на прашањето дали новата Влада ќе ја задржи мерката, Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека „мерката МојДДВ и натаму ќе биде во полза на граѓаните и дека ќе се прават промени кои нема да бидат наменети за граѓаните, туку во системскиот дел на Управата за јавни приходи“.

И навистина, откако само неколку дена беше во застој последната исплата на ДДВ-то за граѓаните на крајот на август се спроведе исплатата тримесечјето април-јуни за околу 450 илјади граѓани.

Воопшто не е мала таа бројка, а во услови кога Владата се премислува дали да донесе вонредни мерки за високите цени, граѓаните се соочуваат со проблеми да го „затворат“ месецот со приходите што ги имаат и со цените кои се во постојан пораст, секој прилив на трансакциската сметка е добредојден. Така е и со средствата што го добиваат со скенирање на фискалните сметки.

Но, мерката МојДДВ не беше донесена од претходната власт само за тоа. Освен оваа придобивка, мерката имаше за цел да биде уште еден инструмент впо борбата против сивата економија и во намалувањето на евазијата, односно, на избегнување на плаќањето на данокот на додадена вредност.

Главниот аргумент на Владата и Министерството за финансии кога се донесуваше мерката беше дека со стимулирање на граѓаните да бараат поврат на платениот ДДВ за купените стоки и услуги – или, жаргонски кажано, да скенираат сметки – ќе се придонесе кон сузбивање на сивата економија, а со тоа и за структурна промена во приходите од ДДВ во државниот буџет.

Според наодите на Finance Think, независен и непрофитен институт за економски истражувања и политики, со мерката МојДДВ во просек околу 10% од обемот на неформалната економија би бил намален односно префрлен во формалната економија.

Оттука, се нотира во истражувањата на Finance Think, МојДДВ направила i структурна промена – во насока на зголемување – на приходите од ДДВ во буџетот на Северна Македонија.

Според моделот што го користеле,  од Институтот велат дека може да се забележи дека водедувањето на мерката МојДДВ придонесло за повисоки приходи од ДДВ во обем од 3.1%.

Се разбира, и како што укажуваат наодите на Институтот Finance Think, освен мерката МојДДВ, потребни се и понатамошни напори за поголема ефективност на мерката во сузбивањето на сивата економија, како и на тоа дека ниедна стимулативна мерка не може да биде целосна замена за инспекцискот надзор и казнивоста при спроведувањето на законите и наплатата на делот кој ѝ припаѓа на државата.

Рацин.мк за поентите зод оваа тема побара мислење и од Министерството за финансии, односно одговори на прашањата дали МојДДВ направи структурно зголемување на приходите од ДДВ и дали новата власт ја задржа мерката заради превенција од реакциите доколку биде укината или заради тоа што покажува позитивни резултати во приходите од ДДВ?

Иако прашањата беа испратени на 3 септември, од таму досега нема одговор на нив, но, како што се вели, премиолчениот одговор значи одобрување, а во овој случај тоа е единствениот заклучок заради придобивките од мерката МојДДВ

Можете да прочитате

Директорката на УЈП Елена Петрова на работна средба со шефот на мисијата на ММФ од Вашингтон Анет Кјобе

Заклучоци од меѓународната конференција на Народната банка: Инфлациската криза е успешно надмината

Мицкоски: Постигнавме договор со германски туроператор за носење на 35.000 туристи од Европа годишно