Утрински Весник
Македонија

Имавме комунистички закон направен од Дарт Вејдер – Ковачевски тврди дека измените на Кривичниот законик се во комуникација со ЕУ

Ковачевски: Ја поддржувам оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека измените се направени во комуникација со ЕУ и во согласност со законодавства кои важат во Европската унија. Вели дека со ЕУ водиме скрининг процес и разговараме, а сите процеси се искомуницирани.

dobivaj vesti na viber

„Измените кои беа направени се во согласност со законодавства кои важат во ЕУ. Тоа што претходно имавме закон во кој казните беа направени од комунистичко време, беа направени од некој, како што јас го нарекувам, Дарт Вејдер на македонското судство, тоа не значи дека тие работи не треба да се променат“, рече премиерот Ковачевски.

Во одбрана на измените, премиерот кажа дека со нив не се штити никој, туку се добива многу како што е проширена конфискација. Сега со новиот закон, вели Ковачевски, се дефинираат 422 кривични дела врз основа на кои може да се гони секој што злоупотребил.

За предлог-законот за амнестија, Ковачевски истакна дека затворите се пренатрупани и постојат во светот други инструменти на казнување како што е работа во оппштествени цели.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер