Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

ЗНАМ се распаѓа и веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови. 


Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит- ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори.

ВМРО загуби 150 илјади гласови, поддршката им се намалува од ден на ден, резултати нема. 

Буџетот е во колапс, а веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите. 

Затоа на Мицкоски му се брза да создаде нов инструмент за манипулација на изборниот процес и збунување на гласачите.

ЗНАМ 2.0 е уште еден проект во низата обиди на Мицкоски да ја одржи власта по секоја цена.

Но граѓаните веќе ја препознаа оваа игра на Мицкоски и нема да дозволат да бидат измамени.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди