Утрински Весник
Македонија

Тепачка на семејна веселба во село Броштица, приведени пет лица

20260816135820 big 730x400 15.webp.webp

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче.

-Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници  лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Тоа постапувајќи по претходна пријава од лекар од Општата болница со проширена дејност во Дебар, дека со повреди е примен С.Р.(28) од село Могорче, дебарско.

-По преземени мерки е констатирано дека на семејна веселба во село Броштица, по претходно недоразбирање С.Р. бил физички нападнат од А.В., Н.В., А.В. и С.В. Од  страна на А.В.(19) било пријавено дека истиот бил физички нападнат од Р.Н, додаваат од Секторот.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Утре Македонија под портокалова фаза поради високи температури

Воздушна битка со пожарот кај „Јасен“: ДЗС ги крена сите три „Ер трактори“

Три и пол децении независна Македонија: Утре централно одбележување пред Владата