Утрински Весник
Спорт

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

20240727125230 Big 730x400 72.webp.webp

Кинезите Чен Јивен и Чанг Јани победија во синхронизирани скокови во вода од три метри на Олимписките игри во Париз.

Тие на својата земја и го донесоа второто злато. Претходно во текот на денот Кина победи во стрелаштво со воздушна пушка од 10 метри мешани двојки.

Второто место на денешните скокови го освоија Сара Бејкон и Кесиди Кук од САД.

Бронзата им припадна на Британките Јасмин Харпер и Скарлет Мев Џенсен. 

Можете да прочитате

Ивановски трет на Скопскиот маратон, победата ја однесе Кениецот Њороге

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Синер откажа уште еден турнир