Утрински Весник
Македонија

И извршителите и судот се изјаснуваат ненадлежни за бришење на застарените долгови, активисти алармираат за непочитување на законите од институциите

(Видео) „Должничко ропство, сметките од 1.000, стануваат 100.000 денари“ – извршителите да го почитуваат законот побараа собраните на протестот

Повеќе граѓански организации во соопштение до Владата алармираат за непочитување на законите од институциите, коментирајќи дека извршителите и судот се изјаснуваат ненадлежни за бришење на застарените долгови.

dobivaj vesti na viber

„Согласно последните измени и дополни на Законот за Облигациони односи, конкретно новиот изменет чл.368, ст.3 гласи: “Застареноста на правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган прекинува со поднесување барање за извршување пред надлежен извршител, при што почнува да тече одново застареноста, која во извршната постапка трае десет (10) години од моментот на поднесеното барање за извршување“, додека став 4 гласи: “Започнатите постапки за наплата на побарувања предвидени во членот 2 од овој закон ќе завршат во согласност со овој закон.“

Имајќи го предвид новиот Закон за Облигациони односи кој е влезен на сила на 20.07.2023 год. голем број на граѓани кои поднеле барања за прекин на извршните постапки кај кои се поминати повеќе од 10 години од денот на доставување на Барањето за извршување од доверителот до извршителот (кои се застарени согласно ЗОО), добиваат одговори од Извршителите дека не биле надлежни да утврдат застареност, упатувајќи ги граѓаните да се обратат до надлежниот.

Откако граѓаните ќе се обратат на суд по укажување од страна на извршителите, судот одговара дека не бил надлежен да ја утврди застареноста, ниту да му наложи на извршителот да презема какви било дејствија?!

Министерот за правда, во врска со новиот ЗОО на 29.08.2023 год. објави соопштение каде покрај неколкуте мислења и ставови, во делот за застареноста вели: “Втората Законска измена пак се однесува на Законот за облигационите односи кој претставува системски закон со кој се регулираат сите договорни и други облигациони односи во прометот на стоки и услуги за сите правни и физички лица. Било каков проблем кој произлегува од примената на ЗОО претставува предмет на судска заштита, во рамки на парничната постапка.“

Следствено на тоа, логично се поставува прашањето, кој е надлежен во овие случаи за да се завршат застарените постапки кога и извршителите и судовите се прогласиле за ненадлежни?! – Министерот за правда вели судовите се надлежни, а судовите се прогласиле за ненадлежни. Ова е крајно несериозно за држава аспирант за член на Европската Унија.

Сето тоа укажува на целосно непочитување на Уставот и законите од страна на високи државни институции и службеници, што претставува самоволие, грубо кршење на правото и непочитување на државниот поредок“, велат здруженијата Но Пасаран, Човекот над профитот, КСОМ и ПЦЕР.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара