Утрински Весник
Македонија

И Гаши одлета за Вашингтон по Мицкоски

Img 0381.jpeg

По реакциите од ДУИ дека делегацијата од Македонија што одлета за Вашингтон е моноетничка и дека Албанците се избришани од НАТО, од ВРЕДИ информираа дека и претседателот на Собранието Африм Гаши утринава тргнал за Вашингтон. За неговата намера да отпатува на НАТО самитот претходно немаше никаква информација, ниту пак е најавено дека е дел од официјалниот состав на државната делегација.

„На самитот на НАТО зема учество претседателот на Собранието, како претставник на ВРЕДИ. Колку што сум запознаен тој денеска изутрина патува таму, така што имаме претставник на ВРЕДИ, кој е претставник на самитот на НАТО во Вашингтон“, изјави Арбен Таравари од  коалиција ВРЕДИ.

Гаши нема да учествува на самитот на НАТО како што вели Таравари, туку веројатно ќе учествува на Парламентарното собрание на НАТО, кое ќе се одржи на маргините на самитот на претседателите на држави и влади, исто така во Вашингтон.

Можете да прочитате

Покрај Талевски Давкова ги помилува и Шенки Версаче и брат му

Во недела ја славиме Света Петка: На луѓето им се јавува на сон поради овие 2 причини

Пријавени притисоци врз Вишото јавно обвинителство