Утрински Весник
Македонија

И Цветин Чилиманов признава дека Давкова донела „ужасни решенија“ за помилувањата

Ga7zwfawkae9fww.jpeg

Во преписка на социјална мрежа Х (твитер) новинарот близок до ВМРО-ДПМНЕ, Цветин Чилиманов признава дека претседателката Гордана Силјановска Давкова донела и “две ужасни решенија“ околу лицата кои се најдоа на списокот за помилување. 

Во одговор на коментар на профилот Orovniknik Чилиманов вели дека две од помилувањата биле многу добри и задоцнети, а дека две биле ужасни и најверојатно подметнати од страна на Комисијата за помилувања. 

На реплика дали Давкова сепак го има крајниот збор, Чилиманов ја брани со аргументот дека не може да се очекува таа да ги „гугла“ имињата на кандидатите за помилување, но и дека е сигурен дека претседателката сигурно била информирана за екс градоначалникот на Битола Владимир Талески, чие што помилување, Чилиманов го смета за задоценто.

На коментар од корисникот Orovniknik дека тој по секоја цена ја брани Давкова и дека тоа било нејзина голема грешка, Чилиманов реплицира дека таа, како и дел од комисијата биле производ на Правниот факултет во Скопје, но дека „треба да соработуваме со дел од нив како што е Силјановска“ додавајќи дека тоа е еден вид на обврска. 

Можете да прочитате

“Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип

Средба на Муцунски со Директорот на Транспортната Заедница со седиште во Белград,  Матеј Закоњшек

Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција