Утрински Весник
Спорт

Хулиганот кој го нападна голманот Дмитровиќ доби затворска казна

Хулиганот кој го нападна голманот Дмитровиќ доби затворска казна

Хулиганот кој влета во теренот на мечот меѓу ПСВ Ајндховен и Севилја и го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ, е осуден на тримесечна затворска казна, од кои еден месец условно.

dobivaj vesti na viber

Дваесетгодишниот маж од Рурмонд доби пресуда од судот во Ден Бош за големиот индидент. Покрај тоа, тој доби и двегодишна забрана за доближување до стадионот на ПСВ Ајндховен. Хулиганот се обиде да се оправда дека не бил свесен за постапката, со оглед дека тој ден испил премногу пиво.

Одлуката на судот е образложена дека „постапката на осомничениот немала врска со фудбал или љубов кон неговиот клуб“.

Можете да прочитате

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска