Утрински Весник
Економија

Хрватското море е скапо дури и за Германците, се префрлаат на плажа во Албанија

Јадран
300x250 (7)

Претстојната туристичка сезона веќе почна да станува тема германските медиуми. Зидојче цајтунг објави голема анализа за Балканот како нова потенцијална туристичка дестинација, особено за оние Германци кои сакаат да искусат малку авантуризам на одмор.

dobivaj vesti na viber

Значајно е и тоа што во овој контекст се истакнува и тоа колку е скапа Хрватска, додека Албанија е пофалена кога станува збор за соодносот на цените и понудата.

Ss1

Зидојче цајтунг пишува дека многумина сè уште се двоумат да одат на одмор во Албанија, Босна или Црна Гора. Распадот на Југославија и последователните војни од 1991 до 2001 година доведоа до многу негативни наслови. Поради ова, Германците сè уште бегаат од туристички патувања во некои од балканските земји, иако „трагите од конфликтот речиси веќе не се видливи“.

Во изминатите десет години, сликата на балканските земји полека почна да се менува, велат од Зидојче цајтунг. Сега веќе не се сметаат за непознати и опасни, туку непознати и секси, истакнуваат тие.

Германските тур-оператори во моментов нудат 26 патувања на Балканот. Тие велат дека во ниту еден момент не забележале тешка безбедносна ситуација за нивните гости.

Сепак, се уште постојат сомнежи. „Непознатоста и недостатокот на информации веројатно ги прават повеќето патници да се чувствуваат несигурно“, ивели за Зидојче цајтунг еден од туристичките работници.

Зидојче цајтунг пишува дека нема области на Балканот каде жените или семејствата треба да ги избегнуваат. Но, имаат забелешки на лошата патна инфраструктура.

Според туристичките експерти, тешко е да се генерализира за Балканот. Словенија, Хрватска и црногорското крајбрежје се веќе добро развиени во поглед на туризмот. На другата страна се Босна, Србија и Северна Македонија. „Тие земји се помалку познати и таму може да се најде допир на авантура“, вели еден тур-оператор и додава дека во тие земји сè уште нема добро воспоставена, стандардизирана туристичка понуда.

Повеќето тур-оператори, пишува Зидојче цајтунг, сметаат дека Хрватска е скапа, дури и поскапа од Италија. Поевтино е во Бугарија и Албанија, а односот цена и понуда е особено добар во Албанија.

 

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање