Утрински Весник
Балкан

Хрватска: СДП се откажа од Милановиќ за мандатар

Prime Minister Zoran Milanovic.jpg
Ss2

Претседателот на Социјалдемократската партија (СДП) Пеѓа Грбин потврди дека партијата се откажала од актуелниот шеф на државата Зоран Милановиќ како мандатар за состав на новата хрватска влада.

Грбин ја повтори потребата од конституирање на Парламентот за да се контролира извршната власт на ХДЗ во техничкиот мандат, бидејќи, како што вели, преговорите за формирање нова влада може да траат со месеци.

Ss1

Грбин прво рече дека „не би рекол дека се откажале од Милановиќ“, но дека, како што вели, треба да се биде свесен за реалноста. „Ако нешто не е реално, не треба да ја удирате главата во ѕид“, рече Грбин.

На повтореното прашање за откажување од Милановиќ, Грбин одговори: „Ако тоа е прашање, тогаш одговорот е да“, објави ХРТ.

Тој потсети на она што го кажаа Мост и ИДС – „дека не го поддржуваат Милановиќ на чело на владата“.

Грбин синоќа по седницата на Претседателството на партијата одби да одговори дали е подготвен да го преземе мандатот, велејќи дека треба да се оди полека, чекор по чекор, дека сите опции се на маса и дека има подобри и полоши опции.

Тој додаде дека Хрватска ја чекаат разговорите за формирање на идната влада, кои ќе траат со денови, недели, а можеби и месеци.

Во меѓувреме, СДП ќе преговара со сите други политички партии кои влегоа во Собранието на изборите, со исклучок на ХДЗ, со цел да се конституира парламент што ќе обезбеди надзор над актуелната влада во техничкиот мандат.

„Сега е јасно дека преговорите за формирање на нова влада ќе потраат, а прашање е каков ќе биде нивниот исход. Не смееме да дозволиме оваа влада да дејствува без надзор во текот на овие преговори“, рече Грбин.

Официјалните преговори за формирање на новото хрватско мнозинство и влада почнаа вчера, а Грбин појаснува дека додека Собранието не заседава, Владата има овластување да донесува уредби со правна сила, со што на техничката влада и се даваат поголеми права и овластувања отколку што имаше пред распуштањето на парламентот.

Ss1

Можете да прочитате

Трагедија во Скадар: Мајка се фрли со трите деца во реката Бојана

Коњуфца: ЕУ со нетрпение очекува да работи со српската влада, а не е подготвена да ги укине мерките кон Косово

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата