Утрински Весник
Магазин

Милано размислува за забрана за продажба на сладолед по полноќ

Milano Sladoled Italija.jpg

Властите во италијанскиот град Милано предложија нов закон со кој се забранува продажба на сладолед по полноќ, со цел да се заштити мирот на жителите.

За многу Италијанци, сладоледот доцна навечер е дел од културата, но тоа сега е доведено во прашање со новиот закон предложен од градските власти. Доколку се усвои законот, продажбата на сладолед по полноќ ќе биде забранета веќе во мај.

Предлог-законот, кој опфаќа 12 области, исто така ќе забрани продажба на брза храна, вклучително и пица и пијалоци по полноќ, со цел да се намали бројот на бучни групи на улиците на Милано, кои не дозволуваат другите да спијат.

Заменик-градоначалникот Марко Гранели рече дека целта е да се постигне баланс помеѓу дружењето и забавата и мирот и одморот за жителите.

Забраната би важела од 00:30 часот во работните денови и од 13:30 часот за време на викендите и празниците.

Граѓаните имаат право до почетокот на мај да се жалат или да предложат измени на законот, пишува Скај њуз.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност