Утрински Весник
Македонија

Хрватска државјанка во Кавадарци пијана со нож го прободела својот сопруг

Policija.webp.webp

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.

Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Можете да прочитате

Судот ги доставил сите податоци: Македонија подготвена за екстрадиција на Никола Груевски

Полициска акција во Скопје: Еден мотоциклист лишен од слобода за безобѕирно возење

На почеток на сезоната се копа во срцето на Охрид