Утрински Весник
Македонија

Македонија во жолта и портокалова фаза: Обилни врнежи и можни поплави

Dozd 3.jpg

Моќен циклон со центар над Џенова: На ден 26 Јануари 2026 понеделник целата територија на Македонија ќе биде во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни дождови, на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе врне снег.

Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец особено во Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час а можна е  и ретка појава на грмежи. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени а во Скопје  и околината температурата денес ќе се искачи до околу 9 степени.

Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија, повторно расте ризикот од зголемување на нивоата на реките  и на езерата како и опасноста од излегвање на реките  и поплави.

Можете да прочитате

Откриена нелеглана плантажа на канабис во струмичко, одземени 680 килограми стебла, приведени две лица

За пет часа казнети 75 возачи за непочитување на правилата за првенство на минување

ЛДП: Детските приказни и Американскиот сон