Утрински Весник
Македонија

Хорор во Кавадарци: Осуммина насилници упаднале во домот на сограѓанин, му искршиле се и ги претепале него и сопругата

Tepacka.webp.webp

Осуммина насилници влегле во куќа на кавадарчанец, искршиле сè, па ги нападнале домаќините. Меѓу напаѓачите три се жени.

„На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа во домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга“ соопшти МВР.


По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол