Утрински Весник
Балкан

Хорор во дом за стари лица во Хрватска: Убиени 5 лица, маж влегол со пиштол и почнал да пука

Policija Hrvatska Opsta.jpg

Во Дарувар, хрватски воен ветеран уби пет лица во дом за стари лица, меѓу кои и неговата мајка.3

Ова неофицијално го дознава Јутарњи лист, кој наведува дека убиецот, роден 1973 година, со пиштол упаднал во домот, ги убил мајка си, жители на домот и вработени.

Застрелани се вкупно осум лица – пет се мртви, еден е во критична состојба, а двајца се надвор од животна опасност.

Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафулето „Даруварац“.

Можете да прочитате

Дејан Бодирога кандидат за пратеник на студентската листа

Амбасадата на САД во Приштина: Во среда се очекуваат големи протести во Косово

Ситуацијата со пожарот на Брач е подобра од претходно, должината на пожарот е речиси 40 километри