Утрински Весник
Свет

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени

Image 2026 09 11 081936466.png

Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во сообраќајна несреќа со автобус во источна Швајцарија, соопшти полицијата на платформата „Икс“.

Несреќата се случи синоќа во кантонот Граубинден, на патот меѓу градовите Зуш и Цернец.


Според швајцарските медиуми, станува збор за автобус со холандски регистарски таблички во кој превезувал група од 48 лица, потврди портпаролката на Холандската асоцијација на туристичката индустрија (АНВР) за медиумскиот портал „Блик“.

– Длабоко сме натажени од она што се случи. Ова е ужасна несреќа – изјави таа.

На фотографиите од местото на несреќата се гледа автобусот превртен на страната во поле покрај патот.

На местото на несреќата интервенираат бројни екипи на итната медицинска помош, противпожарни единици и неколку спасувачки хеликоптери.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока