Утрински Весник
Свет

Холандска венчавка поништена поради говор генериран од ChatGPT

Chatgpt.webp.webp

Венчавката на еден холандски пар беше поништена откако лицето што ја водеше церемонијата користеше хумористичен говор составен со помош на ChatGPT, кој не ги исполнувал законските барања, наведува судската одлука. Како последица, бракот на двајцата беше избришан од Регистарот на венчани. Судијата утврдил дека младенците не ја дале законски пропишаната заклетва за исполнување на брачните обврски, која е задолжителна според холандскиот закон. „Судот разбира дека датумот на венчавката е важен за парот, но не може да го занемари она што законот го бара“, се наведува во одлуката, пренесува Ројтерс.

Парот од Цволе сакал поопуштена и лична венчавка и замолил пријател да ја води церемонијата. За подготовка на говорот, пријателот се обратил на ChatGPT, кој му помогнал да состави неформални завети. Сепак, во говорот немало експлицитна изјава за прифаќање на законските брачни обврски. Лицето кое ја водело церемонијата ги прашало младенците дали ќе „продолжат да се поддржуваат, задеваат и прегрнуваат, дури и кога животот станува тежок“. По нивната согласност, судот заклучил дека тоа не ги прави официјално сопруг и сопруга, туку само „малку луд пар“. Иако парот побарал датумот на венчавката да биде признаен поради емоционалното значење, судот го отфрлил барањето и потврдил дека изговорените завети не ги исполнуваат законските услови за валиден брачен завет.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори